Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!!!

 

МЗШВ: Правила за движење на земјоделците во време на забрана за движење

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:

-Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.

НАПОМЕНА:

• Строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на МЗШВ и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење.

• Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.

• Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, секој работен ден од 8:30 до 13:30 ч во ПЕ МЗШВ Битола.

• Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба.

• Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ.

• Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесеме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.

Контакт од Подрачна едининица на Министерството за земјоделство во Битола 047/237-419 или на pe.bitola@mzsv.gov.mk

З В Е С Т У В А Њ Е !!!

СЕ ИЗВЕСТУВААТ ЖИТЕЛИТЕ ОД ОПШТИНА НОВАЦИ КОРИСНИЦИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРАВА И УСЛУГИ ДЕКА ДИСПЕРЗИРАНАТА КАНЦЕЛАРИЈА НА Ј.У.М ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ –БИТОЛА (СМЕСТЕНА НА ПРВИОТ КАТ ОД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ВО НОВАЦИ) ЌЕ РАБОТИ СЕКОЈА СРЕДА ОД 08:30-13:30 ЧАСОТ ЗА ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕТО НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА.

Преку оваа дисперзирана канцеларија обезбедуваме еднаков пристап на сите граѓани до социјалните права и услуги.

Ова значи дека граѓаните од Општина Новаци не треба да патуваат до Центарот за социјална работа во Битола , поготово во условите на вондредна состојба и ризик од ширење на коронавирусот , за да поднесат барање за користење на социјалната помош или да остварат друго право од системот за социјална заштита, туку можат да аплицираат или да добијат подетални информации во општината во која живеат.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content