Бесплатни гинеколошки прегледи во Општина Новаци
Во Општина Новаци започува со работа мобилната амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од оваа Општина, со цел превенција од рак на грлото на матката.
„Ги известуваме сите жени на територијата на Општина Новаци , кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел број 047-236-019 во Општинска ораганизација на Црвен Крст Битола за закажување на термин.
Мобилната амбулантата започнува со работа во месец Мај, а пријавените дополнитено ќе бидат известени за датум и време на одржување на прегледите.
Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.
Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.
Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари –МАГО,Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации .
0 Comments