Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Велосипедска тура „Возејќи по линијата на фронтот на Прва светска војна “ на територијата на општина Новаци

DSC_2833

Во рамките на Балканската конференција за активен туризам кој деновиве се одржува во Охрид, во општина Новаци се возеше бајкинг тура  „Ден на авантура“.

Градоначалникот Лазар Котевски ги дочека учесниците на оваа велосипедска тура „Возејќи по линијата на фронтот на Прва светска војна “ на територијата на општина Новаци , им подели пригодни подароци и промотивни материјали од овие предели и им посака убаво поминато време и нивно повторно ваќање.

„ Многу мие мило што и Општина Новаци е дел од овој значаен настан за нашата држава особено за нашата општина која изобилува со големо културно историско наследство кое многу лесно преку вакви настани и промотивни тури може да се допринесе за развој на  туризмот.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Од денес  до 12 мај 2016 во хотелот Инекс Горица во Охрид, регионалната конференција AdventureNEXT ќе ја промовира следната голема туристичка дестинација на Здружението за активен туризам (АТТА): Балканот.

„ Оваа тура се организира со гости од Австрија, Бугарија и Америка заедно со туристички водич. Времетраењето е 4 часа а рутата ние Новаци, Рибарци, Гнеотино,Брод, Скочивир и река Коњарка. Имаме организиран традиционален ручек во караулата кај Скочивир.“ вели Бојан Ранташа, организатор на велосипедската тура.

Главна цел на оваа конференција за туризам е да го прикаже Балканот како регион кој е подготвен за ренесанса во сферата на активниот туризам, но и да се подигне свеста за овој скриен, но целосно достапен дијамант на Европа.
АТТА (www.adventuretravel.biz) во текот на годината активно соработува со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија (www.macedonia-timeless.com) со цел да ја организира оваа конференција на која ќе се привлече интересот на околу 300 лидери и носители на одлуки од секторот на туризмот, вклучувајќи и 65 од најпознатите светски новинари и купувачи.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top