Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Бач по 13 години доби амбуланта

 

Баба Стефана Дилева која има осудесетина години потпирајќи се на бастунот денес со голема надеж го пречека медицинскиот тим кој ќе работи во амбулантата во Бач, општина Новаци, што се отвори по 13 години за да им пружа подобра здравствена заштита на населението.

„Иако сум стара морав по лекар да патувам по 20 километри дури до Кравари. Но, не можеш на секое да одиш. Има една недела паднав и добив скршеница, но немаше ни доктор, ни превоз и така поминав цела крв. Од кога ни е амбулантата во селото, ама така стоеше без луѓе, без доктор. Каму господ сега да имаме и амбуланта и лекар“, рече Стефана Дилева.

Други жители велат дека еднаш неделно им доаѓал лекар, но прегледите се изведувале во нестандардни услови.

„ По 13 години дочекавме да се отвори пак амбулантата. Доаѓаше лекар секоја недела во понеделник, прегледите беа такви какви што беа, во кооперација, ете сега ќе биде се во ред, условите се добри во реновираната амбуланта“, рече Даниела Ангелковска, жителка на Бач.

За повторно да се отвори амбулантата придонесоа Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ од Битола и Општина Новаци.

„Оваа зграда до 2005 година беше амбуланта и ја посетуваше медицински персонал. Од 2005 година до денес населените места Бач, Живојно, Гермијан, Добровени мора да патуваат по 20, 30 па и 40 километри до своите матични лекари. Затоа ние се обидовме да обезбедиме повторно лекарски персонал и овие жители да можат да се прегледуваат тука. Здравствена заштита тука ќе добиваат жителите на Бач, Живојно, Гермијан, Скочивир, Добровени и уште на две-три села каде има по неколку жители. Но, на овие шест села Бач им е како центар и затоа тука постоела и повторно се отвора амбулантата“, рече градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.

Директорката на Здравствениот дом од Битола, Весна Спиркоска, изјави дека нема повеќе прегледи по продавници, во амбулантни возила, зашто тоа е под секакво ниво на достоинство и на пацинетот и на докторот.

„При посетата на овој предел кога и да ја погледнев оваа амбуланта ми наликуваше на жив споменик за едно добро здравство кое постоеше во минатото. Некогаш во оваа амбуланта постоеле и висиномери и бебешки ваги и катчиња за прегледи на бебиња. Тука се прегледувале и најмалите, се давале вакцини, се пружала превентива на децата. Но, сето тоа беше запуштено. Успеавме да реновираме, да се стави во функција и да се обезбеди примарната здравствена заштита и на ова население“, рече Спиркоска.

Овој проект на почетокот ќе функционира еднаш неделно , а во иднина постојат заложби да се обезбеди и двапати неделно да биде отворена амбулантата за здравствена заштита на населението.

Со ова жителите од пет рурални средини Бач, Породин, Доленци, Цапари, Лопатица добија амбуланти. Медицински лица вклучени во проектот велат дека проектов наиде на голема поддршка кај другите здравствени работници. Во пораките со четститки за вавата акција доктор интернист напишал на социјалните мрежи: „Да речам големо браво како лекар кој го поминал патешествието рурален лекар, кој прегледувал , дијагностицирал, мерел тензија и шеќер, делел терапија венска и мускулна на среде улица, на сред село, пред продавница, пред кооперација, во услови под најосновното лекарско достоинство. Проектот ќе заживее и ќе обезбеди здравствена заштита на оние на кои им е најпотребна, кои не се во можност да посетат матичен лекар“.

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content