Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Балкански културно-уметнички средби

Пред околу 350 посетители синоќа се одржа третиот по ред културен настан БАЛКАНСКИ КУЛТУРНО- УМЕТНИЧКИ СРЕДБИ во дворот на општина Новаци.Во прекрасна атмосфера настапија играорни групи од Грција со игри од островот Крит, следуваше извонредниот настап на ансамблот ПЛЕТЕНКА од Битола а играорната група од Русија ги воодушеви гледачите со своите кореографии за по нив Плетенка уште еднаш да направи ДАР МАР на сцената со 30 -тина одлично подготвени играорци. Посебен момент за паметење беше настапот на играорната групата од Америка која со своите кореографии и извонредни точки ги остави присутните без здив.Тоа што синоќа се случи во Новаци беше вечер за паметење и вистински спектакл.Настанот беше еден од низата културни настани во рамки на Културно забавно Лето Новаци 2021, подржан од советот на општина Новаци и градонацалникот г-дин Љубе Кузманоски а во организација на здружението за мода ПИКСИ СТУДИО и во соработка со Илинденски денови Битола 2021. Следниот настан во рамките на КУЛТУРНО ЗАБАВНОТО ЛЕТО НОВАЦИ 2021 е во Мариово поточно во с. Градешница каде на 1-ви и 2-ри Август ке се одржат веќе традиционалните ИЛИНДЕНСКИ СРЕДБИ со музичка програма на Борче Наумовски, Елизабета Јосифовска и Андреј Илиоски.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top