Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Амбасадорката на Јапонија во општина Новаци

Поплавите од изминатите две години кои го погодија Пелагонискиот регион намалија производството на храна и житни култури, ја оштетија инфраструктурата во општините, а нејзините жителите сè уште се соочуваат со последиците на нарушена хигиена и загадена вода за пиење.
За таа цел дониран е ровокопач за 9 те општини од Пелагонсики планскиот регион.

-Оваа година Јапонија отвори Амбасада во Македонија но нашите силни релации започнаа многу одамна, дипломатските односи се започнати во 1994 год а Јапонија започна со својата развојна програма во Македонија во 1995 година, изјави Кеико Ханеда, Амбасадор на Јапонија во Македонија

Соочени со ризиците од поплави, девет општини од Пелагонија и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, изготвија шема за реконструкција и одржување на дренажните системи во регионот, со цел да ја зголемат превенцијата од природни непогоди во иднина.

-Во низа наврати Пелагонискиот регион , дали преку Центарот за развој или директно преку општините користеја грантови и помош од јапонскиот народ, всушност од 2006 заклучно со овој грант, искористени се 16 грантови во вредност од 800.000 евра за активности за проекти кои што секогаш претставуваат примарна базична потреба на жителите на Пелагонискиот регион, изјави Емилиа Героска, раководител на ЦРППР

Проектите се финансирани од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти” основана од Владата на Јапонија.

– Се надевам дека ова што денес го реализираме ќе биде само продолжение на еден извонреден континуитет на една извонредна соработка која што Пелагонискиот регион ја реализира со Јапонија и дека во наредниот период ќе успееме да реализираме поголем број вакви успешни апликации и реализација на бројни проекти, ијави градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски

Преку набавка на специјализирано возило, Владата на Јапонија ќе му овозможи на локалното население да живее и работи во средина со намален ризик од природни непогоди.

-Ние оваа набавка ќе ја искористиме за ископ на канали, за одводнување и наводнување, двократно ќе ги користиме тие канали а да ги заштитиме нашите индивидуални земјоделски површини од поплави, изјави Лазар Котески , градоначалник на Општина Новаци

Оваа набавка чини 70.000 евра за чија употреба е задолжен Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

Back to top
Skip to content