Активно се работи низ Општина Новаци
Активно се работи на санација на 3 локации од водоводната мрежа, косење на тревните површини и поставување на корпи за отпадоци во село Живојно и кај манастирот Св Илија, ООУ” Славко Љумбарковски ” и Црква св Спас. Истовремено се работи и на санација на водоводната мрежа во село Бач на три различни локации, изградба на 2 водопоила како и санирање на улица и косење низ улиците и црквата во село Бач.
Направено е и чистење и порамнување на паркинг просторот во манастирот Св. Климент Охридски село Гермијан.
Исчистен е и уреден рекреативниот парк на река Коњарка.
0 Comments