Category Archive: Uncategorized

Jan 18

Oпштина Новаци домаќин на хрватска делегација од збратимената општина Дуги Рат

Делегација од збратимената општина Дуги Рат, Хрватска предводена од градоначалникот Јерко Роглиќ деновиве е во тридневна посета на општина Новаци. Целта на посетата е запознавање на новиот градоначалник на општина Новаци Љубе Кузманоски со староновиот градоначалник Јерко Роглич и претставниците на Советите на двете општини.

Jan 15

Андреј Митревски го пронајде паричето за Василица во Центарот за ран детски развој „Бамби “ во Новаци

Андреј Митревски од Новаци е овогодинешното најсреќно дете во Центарот за ран детски развој „Бамби“ за Василица. Од присутните дечиња кои ги вртеа мазничињата тој го пронајде она во кое имаше паричка.Ова е василичарска традиција во Бамби за Православна Нова година на која покрај едукаторскиот кадар присуствуваше и градоначалникот  на општина Новаци, Љубе Кузманоски.  

Jan 15

Меморијалниот туризам гради мост помеѓу Мариово и Коломбел

Во периодот на Првата светска војна, на територијата на Општина Новаци била водена една од најзначајните битки: битката на Кајмакчалан.

Jan 04

Градоначалникот Кузманоски најави плодна година и реализација на многу проекти

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски на денешната прес конференција најави плодна година за оваа локална самоуправа и реализација на многу  капитални едногодишни проекти.

Dec 22

Советот на општина Новаци ја одржа 4-тата седница

  Советот на општина Новаци ја одржа четвртата седница на која на деневен ред се најдоа околу триесеттина точки. По усвојувањето на записникот од претходнатас едница , советниците го усвоија Буџетот на општина Новаци за 2018 година, одлуката за извршување на буџетот и донесоа предлог одлука за утврдување на бодото за платите на државните службеници …

Continue reading »

Dec 21

Новогодишната претстава „ Вреќата на дедо Мраз“ во општина Новаци

Новогодишна претстава „Вреќата на дедо Мраз„ беше организирана во салата на општина Новаци за дечињата од ЦОУ „ Славко Лумбарковски“.  Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња зафатени од предновогодишната еуфорија.

Dec 10

Советот на општина Новаци ја одржа 3-тата седница

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 3 тата седница на која на дневен ред се најдоа околу триесеттина точки. По усвојувањето на записникот од претходната седница се започна со разгледување на останатите точки и тоа се усвои предлог буџетот , предлог-одлуката за извршување на  буџетот на општина Новаци и буџетскиот календар за 2018 година. …

Continue reading »

Nov 23

Бесплатни превентивни прегледи од ОО на Црвен крст Битола во пензионерскиот клуб во Новаци

Општинската организација на Црвениот крст Битола ја обновија соработката со општина Новаци. Прва активност е денешното предавање на тема кардиологија и превентивните прегледи и мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.

Nov 23

Продолжува соработката помеѓу АЛДА и Општина Новаци на тема : „Алатки за локална демократија“

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски денеска се обрати на отворањето на обуката на тема „Алатки за локална демократија“ организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ финанасиран од Европската унија, а како имплементатор на истата се јавува АЛДА и Здружението на финансиски работници.

Nov 17

Советот на општина Новаци ја одржа 2-рата седница

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 2-рата седница на која се разгледуваа и се гласаа дваесеттина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред.

Older posts «

css.php