Dec 06

Јавен повик

Јавниот повик до доверителите на општина Новаци и доверителите на единките корисници основани од општина Новаци, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања го имате ТУКА. Пријавата можете да ја најдете ТУКА.

Mar 28

Изјава за втора фаза фискална децентрализација

Изјава за втора фаза децентрализација

Dec 14

Отворен регионалниот ресурсен центар за слепи лица во Битола

Здружението на слепи лица, со поддршка на локалната самоуправа, ундп и министерството за труд и социјална политика, како и со помош на останати донатори, го добија првиот регионален ресурсен центар за слепи лица. Општина битола, на ваквата иницијатива и пристапи многу сериозно и темелно, со што обезбеди простор наменет за овој центар.

„овој ресурсен центар за лицата со оштетен вид треба да ги покрива општините битола, ресен, демир хисар, могила и новаци. За овој ресурсен центар, како би бил одржлив во следниот период, со одлука на советите на општините, ќе бидат издвоени 2% од средствата наменети за здруженија на граѓани, со што би се овозможило и во следниот период центарот за функционира без пречки, односно да може да врши инклузија на лицата кои што имаат попреченост во видот. Во изминатиот период општина битола ги спроведе сите активности кои што се однесуваат на услогласување на потребната документација и сите процеси поврзани со тоа да се добие овој простор, наменет за ресурсниот центар. На мое задоволство, ова е добар показател како може сите месни заедници да бидат ставени во функција на граѓаните“, рече градоначалничката на општина битола, м-р наташа петровска.

Регионалниот ресурсен центар е сместен во просториите на месната заедница коле лачето, а ќе биде ставен во функција на сите слепи и слабовидни лица од регионот.

„три години молевме и тропавме на врати, еве најдовме на разбирање кај новата локална самоуправа, аплициравме и го добивме проектот од ундп, зградата се реновираше, внатре имаме лап топи со говорна програма, има сензорен екран каде што се става книга и оној кој што е слабовиден ќе можат да читаат. Внатре има шах за слепи, домино за слепи,книги за слепи итн.според евиденцијата на здружението за слепи лица во битола ги има над 200, од кои четири се мали деца и тие ќе можат да се дружат и да го поминуваат слободното време во овој центар“ изјави претседателот на здружението за слепи лица битола, стево костадиновски.

„се надевам дека токму овој центар ќе биде пример за сите останати општини во република македонија и за целокупното општество, за тоа како и на кој начин треба да се обезбедат неопходните услови за нормален живот на лицата со попреченост“, рече пратеникот александар кирацовски.

Претставникот од усаид шпетим љатифи ја нагласи потребатаод заедничката соработка со здружението на слепи лица и изрази подготвеност занатамошна соработка и помош. Во ресурсниот центар ќе можат да членуваат и другилица со инвалидитет, па заеднички просторот ќе им служи при реализација нанивните цели.

Dec 13

Потпишан договор за доделување на неповратна финансиска помош од Р.Бугарија

Во генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола ,градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски и генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола г-дин Димитар Иванов потпишаа договор за доделување на неповратна финансиска помош на основа на политиката на Р.Бугарија за учество во меѓународната соработка за развој.

Финансиската помош се доделува за реализација на проектот:
Реконструкција на покрив и спортска сала за подрачното училиште во с.Бач.

“Соработката со Р.Бугарија преку Генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола дава позитивни придобивки.Оваа финансиска помош позитивно ќе се рефлектира во подобрување на училишната средина и условите во неа .Со реконструкцијата на подрачното училиште во село Бач ќе ги подобриме условите за настава ,со што би обезбедиле поквалитетен ,поефикасен образовен процес.Училишната средина е одраз на животот во заедницата .Со градење посигурно,подобро и поефикасно училиште со ефектвен образовен процес се подобрува целокупниот живот во заедницата”-истакнува градоначалникот Кузманоски.
Општина Новаци посветено работи на обезведување на подобри и поефикасни услови во основните училишта на подрачјето на општината.

Dec 11

Реконструкција на улицаво с.Градешница ,општина Новаци

Со бекатон плочки извршена е реконструкција на улица во с. Градешница во вкупна должина од 640метри .Реконструкцијата се одвиваше во две фази со средства обезбедени одБирото за развој на планските региони во Р.Македонија.

Ги унапредуваме условите за подобар живот на жителите од с.Градешница како и условите за развој на руралниот туризам

Dec 10

КУД Новаци во Бања Банско Бугарија на меѓународен фестивал

Културно-уметничкото друштво од Новаци “”КУД НОВАЦИ” со сплет на ора карактеристични за нашиот регион се претставија на меѓународен фолклорен фестивал во Бања Банско.
Нашето друштво години наназад ја претставува општина Новаци на многу домашни и меѓународни фестивали и концерти .
Нашите играорци се чувари и големи амбасадори на фолклорната традиција од нашиот крај.

Dec 10

22-ра седница на Совет на општина Новаци

По усвојувањето на записникот од  21-та седница советот на општина Новаци го разгледа и усвои дневниот ред  со дваесеттина точки од 22-та седница

Советот на општина Новаци ги усвои следните Предлог-Одлуки и Одлуки: Read the rest of this entry »

Dec 07

Kick of meeting со партнерите за проектот Аgrowchain

Денес во општина Новаци се одржа третата по ред сесија на партнерите кои што се дел од проектот за „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“. Проектот ќе трае 24 месеци, од јуни годинава до  2020 година, а вкупната сума за сите партнери изнесува 669 илјади евра. Буџетот на општина Новаци изнесува 216 илјади евра. Денес заедно со своите грчки партнери седнаа на зедничка маса за да видат како тече имплементацијата на проектот. Read the rest of this entry »

Dec 06

Изградба на атмосферска канализација во Новаци

Во тек се градежните работи околу изградбата на атмосферска канализација во Новаци.

Станува збор за мрежа на бетонски канали кои ќе ја собираат атмосферската вода во должина од 450 метри, вели градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.

Оваа актицвност е финансирана од буџет на општина Новаци на барање на граѓаните на ова населено место.

Dec 04

Работилница “Од млади за млади” во Новаци


На 04.12.2018г. во Младинскиот Културен Центар Новаци беше одржана работилница “Преземи акција – разбуди го својот потенцијал” наменета за градење капацитети на младите од Општина Новаци за воведување на иновативниот модел на Младински банки во Македонија. Младите ја покажаа својата креативност и мапираа приоритети за иден развој на општината.

Nov 29

Во Брод откриен споменик за жртвите од Првата светска војна

 

Во присуство на амбасадори, воени атешеа, конзули, градоначалници,
советници и директори на јавни претпријатија, денес во с.Брод во општина
Новаци беше одбележана  100 годишнината од завршувањето на Првата
светска војна 1918 -2018. По тој повод беше подигнат и  споменик во чест
на загинатите војници и цивили во македонксиот (солунскиот) фронт. Read the rest of this entry »

Older posts «

css.php