«

»

Oct 01

Започна новата учебна година

На првиот училишен ден од новата учебна година, градоначалникот Љубе Кузманоски го посети централното основно училиште Славко Лумбарковски во Новаци каде заедно со директорот и наставниот кадар им посакаа топло добредојде на првачињата.

Со одлука на Советот на општина Новаци, на сите 22 првачиња во општината им се доделија по 5.000 денари за набавка на прибор и потребни материјали за настава.

❗️Бидејќи оваа учебна година е поразлична од било која друга поради пандемијата со коронавирусот, општината преку јавна набавка обезбеди средства за заштита на учениците и вработените како и средства за дезинфекција на објектите за ООУ Славко Лумбарковски и подрачните училиштасе со цел непречен почеток на учебната година.

🌡Обезбедени се и бесконтактни топломери за мерење на телесна температура и заштитни маски.

💻Со одлука на Совет на општина Новаци ќе бидат обезбедени и компјутери за потребите на училиштето за непречено одвивање на наставата со далечинско учење.

🗣„Како локална самоуправа се грижиме за нашите ученици и наставен кадар се со цел обезбедување на квалитетен и непречен образовен процес. И покрај чувствителноста на ситуацијата со Ковид-19 ги направивме сите напори за безбеден почеток на учебната 2020/2021 година. Сепак предизвикот е пред нас, за првпат во државата се воспоставува сложен онлајн систем. Евентуалните проблеми ќе ги решаваме заеднички и меѓу институциално. Очекуваме поддршка, разбирање и соработка од родителите, учениците и наставниот кадар. На сите ученици, пред се на првачињата им посакувам топло добредојде во новата учебна година, успешно влегување во образовниот процес и стекнување со желба за учење на нови работи и многу знаења.“ – изјави градоначалникот Кузманоски при посетата на централното основно училиште Славко Лумбарковски.

👏🏻Оваа година од Синдикатот на ЕСМ, им доделија пакетчиња со училишен прибор на сите првачиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php