«

»

Sep 10

Општина Новаци инвестира во нова комунална механизација

Кузманоски – Со домаќинско работење Општина Новаци инвестира во нова комунална механизација

Во периодот од неполни три години локална власт, Општина Новаци инвестира во современа сопствена механизација со цел подобрување и успешно сервисирање на услугите и обврските кон граѓаните.

-Сето ова што го имаме е резултат на домаќинско, одговорно и посветено работење во интерес на граѓаните на Општина Новаци, рече на денешната прес конференција градоначалникот Љубе Кузманоски, каде пред медиумите ја покажа новата мехнизација.

Со средства од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“ – Agrowchain од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција набавен е трактор  Ландини и и тракторска приколица од 5 тона за влечење и транспорт на биомаса од речните корита. Исто така набавена е Хидраулична рака со корпа за косење и подигнување, предна косачка (мулчер) за сечкање на биомасата, корпа за товарење на биомасата и котел за парно греење за загревање на детската градинка.

Во рамките на овој проект буџетот на Општина Новаци изнесуваше 216 илјади евра и е завршен во мај 2020 година.

Општина Новаци успешно го заврши вториот проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за набавка на градежна механизација и тоа Скип (Комбинирана машина ровокопач) и хидраулична надградба плуг за снег 2.5м, камион кипер со дополнителна опрема и тоа плуг за снег 3.2м и ротационен распрскувач на сол и ризла како и камион цистерна.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 17.870.670 денари.

Во рамки на истиот  проект, општина Новаци доби право да користи грант средства во износ од 4.612.362 денари  со што општина Новаци веќе изготви апликација за набавка на ново возило за собирање на смет (Ѓубретарка со капацитет од 7 тона) , контејнери и канти за смет и истата е одобрена од МСИП2 со  што наскоро следува  и тендерска постапка така што   комуналното претпријатие ЈКП Комунална Хигиена  -Новаци ќе ја прошири својата услуга во уште три населени места –с.Брод, с.Бач, и с.Живојно.

-Општина Новаци во рамки на проектот “Унапредување на квалитетот на социјалните услуги на регионално ниво“ финансиран во рамките на програмата за регионален развој за 2020 година од страна на Бирото за рамномерен регионален развој – Министерство за локална самоуправа преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави минибус ИСУЗУ со 30 седишта и Комби Пежо со 9 седишта со вкупна вредност на инвестицијата од 6.646.940 денари. Испорачан е минибусот кој заедно со комбито ќе бидат ставени во функција на обезбедување на образовно социјални услуги на граѓаните, редовен и безплатен  превоз на ученици, за потребите на општинската администрација и граѓаните. Со ова обезбедуваме редовен организиран превоз на нашите ученици, заштеда и поврат на инвестицијата, рече Кузманоски.

И покрај специфичната состојба и условите со пандемијата предизвикана од коронавирусот во изминатиот период, Општина Новаци успешно ја испорача целокупната комунална механизација.

Во рамки на проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад“ со прекугранична соработка со Република Грција за потребите на ЈКП Комунална Хигиена од Новаци набавени се трактор Џон Дир, Мулчер и контејнери.

Со цел подобри комунални услуги за потребите на ЈКП Комунална Хигиена од Новаци набавена е прскалица, тракторска косилица , моторни тримери, мулчер и плуг за снег.

-Потребата од набавка на градежна механизација е разултат на директните барања на граѓаните со цел подобрување на квалитетот на комуналните услуги и соодветно да се одговори на потребите на локалното население, смета Кузманоски.

Набавената градежна механизација општината ќе ја користи повеќенаменски и тоа за зимско одржување на локалните улици и патишта заедно со зимската служба на комуналното претпријатие, за чистење на диви депонии, транспорт на отпад, дотур на вода во населени места каде што има недостиг во летниот период, за подигнување на нивото на јавна хигиена на јавни површини и локални улици, пренесување на градежни материјали како и за потребите на месните заедници со што ќе се овозможи заштеда на финансии и поврат на инвестицијата.

За потребите на општинската администрација набавени се и две нови патнички возила.

-За неполни 3 години, Општина Новаци е пример како поинаку се работи во насока на подобрување на услугите но и условите за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. Нашите развојни политики се различни од претходните и затоа се разликуваме и во идниот период ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните со инвестиции насочени кон подобрување на општинските услуги, смета градоначалникот на Општина Новаци Кузманоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php