«

»

Jul 30

Се гради коритото на поројот во Гермијан

Фотографија на Апла.

Започнаа градежните активности за уредување на коритото од поројот во населеното место Гермијан (трети дел од км 1+152,10 до км 1+492,10).

Општина Новаци во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион преку Министерството за локална самоуправа и Светска Банка го финишира проектот “Уредување на Порој во с.Гермијан ” во должина од 1500м.

Претходно со фаза 1 преку Грант од Светска Банка и со средства во висина од 16.557.000 денари се изврши уредување на коритото во должина од 900м.

Со втората фаза преку Проектот-“Заштита на животната средина во пелагонискиот регион преку инфраструктурни интервенции за уредување на речен порој во с.Гермијан” со средства во висина од 6.850.000 денари од кои од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион преку Министерството за локална самоуправа обезбедени се 6.100.000 денари а остатокот од Буџет на општина Новаци беа уредени 300м .

Третата и завршна фаза на уредување на коритото се реализира во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа.
Инвестицијата е во износ од 148.883 евра и со истата ќе се реши проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште како и станбените и фармерските објекти во овој дел од регионот кои често се случуваа во изминатите години како последица на поројните дождови и слабиот систем за заштита од поплави.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php