Monthly Archive: July 2020

Jul 30

Се гради коритото на поројот во Гермијан

Започнаа градежните активности за уредување на коритото од поројот во населеното место Гермијан (трети дел од км 1+152,10 до км 1+492,10).

Jul 28

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДВОРОТ НА МАНАСТИР СВ.АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ ВО С.СТАРАВИНА

Во тек е изведбата на градежни работи за партерно уредување на дворот на манстирот СВ.Атанасиј Велики во с.Старавина со бехатон плочки на површина од 300м2. Средствата во висина од 300.000 денари се обезбедени од Буџет на општина Новаци за 2020година.

Jul 08

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!

  Почитувани земјоделци, Ве известуваме дека започна пријавувањето на субвенции во земјоделството по Програма за 2020 година. Пријавувањето и поднесувањето на техничките барања можете да го извршите во канцеларија бр.6 ( I-кат општинска зграда Новаци) која е дисперзирана канцеларија на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Битола секој работен ден од 08:00-15:00ч . …

Continue reading »

Jul 07

Прирачници за оператори со храна во предучилишни и училишни установи

Допис до ЗЕЛС Прирачник за операторите со храна во предучилишните установи – градинките Прирачник за операторите со храна во училишните установи

Jul 06

ОБЕЗБЕДЕНИ 25 ИНВЕРТЕР КЛИМИ ЗА ПОДРАЧНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Согласно јавниот повик објавен од Влада на Република Северна Македонија-Генерален секретаријат, по програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, за општина Новаци обезбедени се 25 високо квалитетни инвертер клими наменети за подрачните училишта со цел замена на печките на дрва со ефикасен начин на загревање.

css.php