«

»

Jun 23

НОВ ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ОБЈЕКТ ВО с.ДАЛБЕГОВЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци продолжува со реализација на планираните активности согласно предвидената динамика но и во согласност со препораките за работа во услови на пандемија предизвикана од коронавирус.

Реализирано уште едно барање од страна на жителите од с.Далбеговци .
Изграден е нов повеќенаменски објект на местото на некогашниот руиниран објект(продавница) на површина од 100 м2.
Вкупна вредност на инвестицијата 1.887.443 денари обезбедени од буџетот на општина Новаци .

“Градиме одговорно, квалитетно , домаќински и во дослух со граѓаните ги реализираме нивните барања.Интересите на граѓаните се наш приоритет при креирањето на проектите со цел секој граѓанин да добие соодветно решение за проблемот кој го има со што директно или индиректно ќе влијае на подобрување на квалитетот на живот во неговото место на живеење.
Во рамки на оваа градежна сезона реализиравме уште едно барање од страна на жителите на село Далбеговци.На местото на некогашниот руиниран објект (продавница) во центарот на с.Далбеговци изградивме нов повеќефункционален објект .
Со овој проект се доби нов, модерен и адаптиран простор на површина од 100 м2. Инвестираме во иднината и во самоодржливоста и ги менуваме застарените и дотраени објекти со нови кои овозможуваат подобри перформанси.
Вредноста на инвестицијата е 1.887.443 денари ,средства обезбедени од Буџетот на општина Новаци за 2019 година .
Дадениот збор пред граѓаните на с.Далбеговци сега е реалност .Како локална самоуправа се трудиме во секое населено место да ја подобриме урбаната слика и во тоа успеваме, затоа што градиме по план и приоритет за поквалитетен живот на граѓаните .”-истакна грдоначалникот Кузманоски .

Градиме одново и ги заменуваме старите и дотраени објекти со нови , модерни и повеќефункционални.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php