«

»

Jun 22

АКЦИЈАТА ГРАЃАНИТЕ ЗА ОПШТИНАТА И ОПШТИНАТА ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВА

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Денес, како и минатата недела продолжи координираната акција за чистење и одржување на патните правци низ Општина Новаци кои водат кон Мариовскиот крај.

Жители на околните села со помош на ЈКП од Општина Новаци овој пат извршија чистење на регионалниот пат Д. Орехово – Маково, за кој е подготвена целосна документација и е влезен во програмата за рехабилитација на регионални и локални патишта во Општина Новаци.

Соработката помеѓу жителите и Општината продолжува.

Честитки до сите оние кои учествуваа во денешната акција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php