«

»

Jun 21

КАПИТАЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Почитувани граѓани,

За периодот од две и пол години локална власт која Вие граѓаните на општина Новаци ни ја доверивте ќе зборуваме само за успех и реализирани проекти.

Вложивме се, сите ресурси максимално ги ангажиравме за да кажеме –Да, ни работиме, ние ја градиме нашата општина која заслужува да биде европска урбана средина со задоволни граѓани.

Во изминатите 2 и пол години континуирано работиме на подобрување патната инфраструктура. Дадениот збор пред граѓаните станува реалност.Работиме посветено, одговорно и во дослух со граѓаните.

Во изминатите 2 и пол години благодарение на централната власт преку соработката со ЈП за државни патишта на РСМ, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Бирото за Рамномерен Регионален развој решени се децениски проблеми преку асфалтирање на регионални и локални патишта .

Асфалтирани се над 6700м локални улици од кои 1200 м со бехатон плочки.Асфалтирани се 12 км регионални патишта и околу 4 км локални патишта.

Од Буџетот на општина Новаци за изградба ,реконструкција и одржување на локални патишта и улици во период од 2018- 2020 г издвоени се околу 21 милион денари .
Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат (Рапеш-Старавина) во должина од 9 км со вкупна вредност од 36.000.000 денари .Со ова го решивме деценискиот проблем на жителите од Мариовскиот крај .После 50 години жителите од овој регион добија асфалтиран пат.

Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат Скочивир до Излетничкото место на река Коњарка во должина од 3км и вредност од околу 12.000.000 денари .

Со 61.000.000 милион денари од Буџетот на ЈП за Државни патишта извршена е целосна рехабилитација на регионалниот пат Р1311 ( Битола –Новаци –Рек Битола), во должина од 12 км.

Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој асфалтиран е локалниот пат до населено место с.Тепавци во должина од 3 км и вкупна вредност од -18.901.948 денари .

Асфалтиран е и локаленниот пат Р511-Крстосница с.Старавина –с.Будимерци до манастир Св.Атанас с.Старавина во должина од 811,65 метри со вкупна вредност од -4.601.062 денари.

Преку Бирото за Рамномерен Регионален развој искористени се околу 5 милиони денари во изградба на улици во с.Градешница со бехатон плочки со вкупна должина од 1200 метри .

Почитувани ,И тука не застануваме !

Со позабрзано темпо и нова енергија продолжуваме и во оваа година инфраструктурно да ја градиме и со патна мрежа да ја поврзуваме општина Новаци .

Општина Новаци е подготвена со веќе спремни проекти да аплицира за обезбедување на средства од домашни и странски фондови и програми со цел нивна имплементација.

Во склоп на проектот за подобрување на општинските услуги МСИП и Министерството за финансии изработена е проектна документација за реконструкција на две локални улици со краци во с.Новаци и една локална улица со краци во с.Гермијан со вкупна должина од 2.1 км.

Во министерството за транспорт и врски аплициравме со три основни проекти за изградба на 3 локални патишта со предвидена реализација во три фази.
-Изградба на локален пат од раскрсница Старавина до с.Будимерци –фаза1 и фаза 2 и Изградба на локален пат Гнеотино спрема Брод .

Со изработката на комплетната проектна документација за Изградба на две локални улици во с.Градешница со бехатон плочи и локален пат до Манастир Св.Илија создадени се основните предуслови за реализација на овие проекти кои се од интерес на граѓаните од с.Градешница.

Во тек е подготовка на проектна документација за изградба на пешачка патека со осветлување до Камениот мост во с.Зовиќ како и улица во с.Зовиќ во должина од 400 м.

Дадениот збор пред граѓаните станува реалност .Како локална самоуправа се трудиме во секое населено место да ја подобриме урбаната слика и во тоа успеваме, затоа што градиме по план и приоритет за поквалитетен живот на граѓаните .

Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво,градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој.Инвестираме во индината и и во самоодржливоста.Инвестираме во се она штое важно за граѓаните и државата.

Можеме уште повеќе, можеме и подобро!

Градоначалник
Љубе Кузманоски
Општина Новаци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php