«

»

Jun 11

ИЗГРАДБА НА СЕКУНДАРНА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Иако пандемијата со коронавирусот во голема мера ги забави некои активности, сепак општина Новаци не се откажува од реализацијата на своите зацртани и планирани проекти .Градежните активности продолжуваат со изведба и тоа со забрзана динамика, почитувајќи ги мерките за заштита.

🏗👨‍🔧Градиме одговорно, квалитетно , домаќински и во дослух со граѓаните ги реализираме нивните барања.Интересите на граѓаните се наш приоритет при креирањето на проектите со цел секој граѓанин да добие соодветно решение за проблемот кој го има со што директно или индиректно ќе влијае на подобрување на квалитетот на живот во неговото место на живеење.

Реализиравме уште еден проект од витално значење за граѓаните на с.Новаци .Проектот опфати изградба на краци од секундарната фекална канализација во с.Новаци

Станува збор за 600 метри ново изградени краци секундарна фекалната канализациона мрежа со што им се овозможи на дел од жителите од с.Новаци да се приклучат кон примарната канализациона мрежа а со тоа да ги решат проблемите кои ги имаат со септичките јами.Воедно ова значи подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од с.Новаци што позитивно ќе влијае врз животната средина.

Вредноста на инвестицијата е 💵2.635.797 денари обезбедени од Буџетот на општина Новаци за 2019г.

Граѓаните заслужуваат подобри услови во своите населени места а ние како локална власт сме тука да ги реализираме нивните барања и потреби. Интересите на граѓаните ни се во преден план.Како што ветивме така и започнавме , одговорно , домаќинско и транспарентно работење ,така и продолжуваме во насока на заедничко исполнување на зацртаните цели.

Промените се видливи , резултатите се множат на терен .Граѓаните ги чувствуваат благодетите и новите форми на креирање на политиките кои обезбедуваат подобар и поквалитетен живот на сите граѓани .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php