«

»

Jun 04

19 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ КАЈ ГАЈРЕ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Изминаа 19 години од немилиот настан кога тројца воени резервисти меѓу кои и Пеце Матичевски по потекло од Новаци, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.

По тој повод делегација од општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски, членови од семејството Матичевски, претставници од подрачното одделение на Министерството за одбрана и организацијата на резервни офицери, положија свежо цвеќе пред споменикот “Паднатиот Ангел” во паркот кај Градскиот часовник, пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители како и на вечното почивалиште на гробиштата во с.Новаци .

“Денес, одбележуваме 19 години од згаснувањето на трите млади животи Пеце, Влатко, Благојче кои ги положија своите животи за нашата татковина.Изразувам сочувство до семејствата на загинатите бранители .Со својот пожртвуван подвиг се вградија во темелите на татковината и силно покажаа како се сака таа.Споменот кон нив никогаш нема да избледне, напротив со гордост ќе се сеќаваме на нив и нивното пожртвувано дело ќе го пренесуваме на идни генерации.Традиционално во чест и сеќавање на нашиот сограѓанин Пеце Матичевски во Новаци се одржува меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски ”, но поради кризата со коронавирусот,настанот оваа година ќе изостане и ќе има само полагање на цвеќе.Вечна им слава!”-истакна градоначалникот Кузманоски.

Во меморијата на жителите од с.Новаци цели 19 години останува во тажно сеќавање тој кобен 05 Јуни 2001 кога прерано згасна живот на нашиот сограѓанин Пеце Матичевски,кој храбро застана на бpaникот на татковината и го жртвуваше својот живот за неа.

Вечна им слава!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php