«

»

May 13

ИЗРАБОТЕНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРИ ЛОКАЛНИ УЛИЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Новаци доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на три улици во општина Новаци.

Станува збор за комплетна проектна документација со обезбеден основен проект, ревизија на проектот и елаборат за заштита на животната средина, за реконструкција на 2 улици со краци во с.Новаци и една улица со краци во с.Гермијан со кумулативна должина од 2.2км.

“Со изработката на комплетната проектна документација создадени се основните предуслови за реализација на овие проекти кои се од интерес на граѓаните на општина Новаци.Сега општината е подготвена со веќе спремни проекти да аплицира за обезбедување на средства од домашни и странски фондови и програми со цел нивна имплементација.Изразувам благодарност до Министреството за финансии особено до МСИП –проектна единица која ја прифати нашата апликација за која се надевам на реализација во реално време.”-истакна градоначалникот Кузманоски .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php