«

»

May 12

НОВОТО ЛЕД УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ДАДЕ ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Со целосната реализација на Проектот за модернизација на системот за јавно улично осветлување, преку финансисрање, реконструкција, управување, одржување и развој на јавното осветлување во општина Новаци , односно со замената на постоечките натруимови и живини светилки со нови ЛЕД светилки, општина Новаци на месечно ниво заштедува повеќе од 100.000 денари на сметките за електрична енергија .

Со тоа заштедата на годишно ниво ќе ги потврди и надмине истражувањата од физибилити студијата со која се предвидуваше намалување на сметките за електрична енергија за најмалку 55%. Овој тренд на намалување ќе се зголемува и ќе надмине 65% од вкупните месечни трошоци за електрична енергија.

Општина Новаци пристапи кон модернизација на јавното улично осветлување и склучи Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување , преку финансирање , реконструкција , управување , одржување и развој на јвното осветлување во општината со избраниот најповолен групен понудувач (приватен партнер)-Џемдаг Ајдинлатма Санаи Ве Тиџарет Аноним Ширкети АД од Измир ,Р.Турција.

Во утврдениот рок од Договорот во целост заврши модернизацијата на инфраструктурата на системот на јавно улично осветлување во општина Новаци со што се заменети 1083 натриумови и живини светилки со нови ЛЕД светилки .

Проектот во целост веќе ги дава предвидените резултати и очекувања.Покрај значителното намалување на вкупните трошоци за електрична енергија , со овој модерен и ефикасен систем на осветлување се постигна поголема енергетска ефикасност , поголем светлосен флукс, подобрена социјална и сообраќајна безбедност и најважно од се поврат на инвестицијата во наредните 15 години.

Ова е илустрација за домаќинско работење во општина Новаци .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php