«

»

Apr 11

ЗАПОЧНА ВТОРАТА ФАЗА ОД ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци и ЈКП “Комунална Хигиена” од 08.04.2020г ја започнаа втората фаза од оперативниот план за дезинфекција на јавни површини ,објекти ,урбана опрема,фрекфрентни места и пешачки патеки.
Активноста е дел од сетот превентивни мерки за заштита на населението од коронавирусот донесени од Општинскиот кризен штаб со кој раководи градоначалникот Кузманоски.

Екипи од ЈКП “Комунална Хигиена ” и за време на викендот кога има целосна забрана за движење , вршат дезинфекција во населените места по однапред утврден распоред .

Оперативниот план покрај активности на дезинфекција , содржи и активности за миење на локални улици ,патишта и тротоари по утврден приоритет и фрекфенција.

Заради обезбедување на поголема заштита на јавното здравје, Општина Новаци им препорачува на граѓаните доследно да ги применуваат мерките на Владата , препораките од Министерството за здравство како и мерките и препораките од Општинскиот кризен штаб ,посебно во поглед на личната и дезинфекцијата на своите домови.

Да бидеме посовесни и да ги почитуваме мерките за заштита.

#ОстаниДома!
#ДаСеЗаштитиме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php