«

»

Apr 08

ИЗВЕСТУВАЊЕ !!!!

Од денеска стапува во сила новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, поради коронавирусот. #МЗШВ ги известува земјоделците:

📍Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

📍Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

📍Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.

Повеќе информации за процедурата за вадење дозволи и контакти од подрачните единици на МЗШВ на следниот линк:

http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php