«

»

Mar 27

❗️❗️ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ❗️❗️

 

📣Во врска со Одлуката на Владата за проширување на забраната за движење за време на викенд деновите во сабота и недела од 16:00 часот до 05:00 часот ,се известуваат 👩‍🌾👨‍🌾земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производтсвото во пластеници дека се изземени од забраната за движење за време на полициски час во викенди (саботи и недели ) од 16:00 до 05:00 часот.

❗️Дополнително , другите земјоделци од останатите подсектори како сто се фармерите , сточарите и други земјоделски работници , доколку имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство , преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство ќе треба да се ПРИЈАВАТ за добивање на ДОЗВОЛИ ЗА ДВИЖЕЊЕ .

❗️МЗШВ дозволите ќе ги издаде преку Министерството за информатичко општество и администрација.
Канцелариите на ПЕ на МЗШВ во Битола се отворени за земјоделците секој работен ден до 12:00 часот , а поради ситуацијата со вирусот воведен е шалтерски систем .

☎️За информации поврзани со дозволите, земјоделците можат да ја контактираат подрачната единица на 047/237-419 или на е-маил: pe.bitola@mzsv.gov.mk

Производството на храна мора да продолжи!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php