«

»

Mar 19

Општина Новаци продолжува со внимателно следење на ситуацијата со коронавирусот на локално ниво

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци продолжува со внимателно следење на ситуацијата со коронавирусот на локално ниво , за што се превземаат и дополнителни мерки и активности за поголема заштита од ширење на вирусот .

Во тек е миење на локалните улици што ќе следува и дезинфицирање на истите како и дезинфицирање од страна на екипа од Центарот за јавно здравје од Битола на општинските простории, Центарот за ран детски развој “БАМБИ” , Младинскиот културен центар, училиштата и други јавни површини.

Секој граѓанин лично да покаже граѓанска свест и одговорност и заради себе и заради другите.

Јавното здравје е заедничка одговорност!

Коронавирусот не е шега!

#ПочитувајГиМерките

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php