«

»

Mar 12

ОПШТИНА НОВАЦИ НАБАВИ МАШИНА СКИП ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци успешно го заврши вториот проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и рaзвој – Светска Банка за набавка на градежна механизација и тоа Скип (Комбинирана машина ровокопач) МСТ М642 Плус и хидраулична надгрдаба плуг за снег 2,5м, камион кипер и камион цистерна.
Денес конечно е реализирана набавката и од страна на избраните добавувачи испорачана е дел од механизацијата и тоа Скип (Комбинирана машина ровокопач-натоварувач) МСТ М642 и хидраулична надгрдаба плуг за снег 2,5м.

Остануваат за испорака камион кипер и камион цистерна во наредниот период.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 300 000 евра.

По спроведена постапка за јавни набавки согласно правилата на Светска банка и процедурите кои таа ги налага преку Министерството за финансии избрани се тројца понудувачи за трите дела и тоа –За Лот 1(камион цистерна)-Каргомакс ДООЕЛ Миладиновци,Илинден-За Лот 2(скип-ровокопач/натоварувач со плуг за чистење на снег –Евро Стил ДОО Битола, и за ЛОТ 3(камион кипер)-Синпекс ДОО Битола.

“Станува збор за набавка на сопствена градежна механизација (камион-цистерна, скип(ровокопач-натоварувач со плуг за чистење на снег) и камион кипер).Договорите се потпишани се чека испораката на преостанатите машини во утврдениот рок кои Општината ќе ги користи повеќенаменски и тоа за зимско одржување на локалните улици и патишта во рамки на зимската служба во склоп на комуналното претпријатие , чистење на диви депонии , пренесување на градежни материјали по населени места , за потребите на месните заедници и за било какви градежни интервенции во општината . Со набавката на градежната механизација, повеќе нема да се објавува тендер за зимско одржување на локални патишта и улици,тендер за чистење на дивите депонии како и тендер за ангажирање на градежна механизација со тоа што би се овозможило поврат на инвестицијата.”-Истакна градоначалникот Кузманоски

Општина Новаци на јавна расправа одлучуваше за намерата на локалната самоуправа долгорочно да се задолжи. Јавната расправа се одржа во општинската сала на која присуствуваа преставници од локалната самоуправа, месните заедници, невладини организации и градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузмановски. Претставниците од месните заедници едногласно го прифатија ваквиот предлог и дадоа подршка за набавка на градежната механизација.

Градоначалникот Кузманоски истакна дека набавката на градежната механизација дојде како резултат на директните барања на граѓаните со цел подобрување на квалитетот на комуналните услуги и соодветно да се одговори на потребите на локалното население.

Со сопствената механизација општината во секое време може да одговори на побарувањата на локалното население и на месните заедници што значително ќе се подигне квалитетот и ефикасноста во извршувањето на работните обврски а од друга страна ќе се остварат долгорочни заштеди во буџетот на општината бидејќи нема да има потреба од распишување на тендери за зимско одржување на локални патишта и улици , чистење на диви депонии , транспорт на градежни материјли и други градежни услуги.

Проектот за подобрување на општинските услуги ја има токму таа цел – преку заеми, но и грант средства да стимулира вложување во капитални проекти, кои ќе ги подобрат условите за живот во сите општини во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php