Monthly Archive: March 2020

Mar 30

По повод 30-ти Март , празникот на општина Новаци, свежо цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски

По повод 30-ти Март , празникот на општина Новаци , делегација од општината предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски положи свежо цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски од с.Новаци кој загина во конфликтот во 2001 година.

Mar 30

Празникот на општина Новаци и патронeн празник на ЦОУ “Славко Лумбарковски”

Денес, по повод празникот на општина Новаци и патрониот празник на ЦОУ “Славко Лумбарковски”, пред бистата на патронот цвеќе положија делегација од општина Новаци предводена од градиначалникот Љубе Кузманоски и делегација од самото училиште предводена од директорот Илче Соклевски.

Mar 30

24 ГОДИНИ ОПШТИНА НОВАЦИ

Почитувани сограѓани, Општина Новаци опстојува 24 години и за ова време се изгради како вистинска движечка сила за поубав и поквалитетен живот за сите нас. 30-ти Март претставува посебен ден за општината и значаен за сите нас кои заеднички придонесуваме за развој и унапредување на нашата општина.

Mar 30

Превентивни мерки на територијата на општина Новаци

Почитувани жители на општина Новаци, за превенција на ширењето на COVID-19 (корона вирусот), општина Новаци воведе превентивни мерки, кои можете да ги најдете ТУКА. Ве молиме, почитувајте ги сите мерки и препораки на Владата како и сите мерки и препораки на општината.

Mar 30

Почитувај ги мерките, заштити се. Седи дома!

Mar 29

УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID-19

📣Упатство до граѓаните

Mar 27

ОПШТИНА НОВАЦИ ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ

Екипи од ЈКП “Комунална Хигиена” од Новаци во соработка со општина Новаци извршија вондредна дезинфекција на јавни површини,јавни установи,детски игралишта,продавници,урбана опрема ,автобуски постојки и други објекти на територија на општина Новаци. Овие активности се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот. Колку …

Continue reading »

Mar 27

❗️❗️ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ❗️❗️

  📣Во врска со Одлуката на Владата за проширување на забраната за движење за време на викенд деновите во сабота и недела од 16:00 часот до 05:00 часот ,се известуваат 👩‍🌾👨‍🌾земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производтсвото во пластеници дека се изземени од забраната за движење за време на полициски час …

Continue reading »

Mar 21

ОПШТИНА НОВАЦИ ЗАПОЧНА СО ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ

Општина Новаци заедно со ЈКП “Комунална Хигиена” од Новаци започнаа со пролетна акција за чистење на дивите и времените депонии во Новаци и во други населени места .

Mar 21

ОПШТИНА НОВАЦИ ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ

Општина Новаци со екипи од ЈКП “Комунална Хигиена” -Новаци продолжува со превентивните мерки против Covid-19 (коронавирус), со миење на локалните улици, дезинфекција на јавни површини и објекти.

Older posts «

css.php