«

»

Feb 05

ПРООДНИ СЕ СИТЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

По синоќешните интензивни врнежи од снег ,од рано изутринава ЈКП “Комунална Хигиена” од Новаци кое е ангажирано оваа сезона за зимско одржување на локалните патишта и улици на територија на општина Новаци ,со свои екипи и механизација интензивно работи на терен за целосно чистење на снегот и пробивање на локалните патишта и улици во сите населени места .

Од претпријатието изјавуваат дека екипите се мобилни и постојано на терен , се интервенира без прекин поготово во селата од Мариовскиот крај каде има и поголеми снежни наноси .Досега сите патишта се проодни и чистењето се одвива по однапред дефиниран план и приоритет.

Од страна на механизација ангажирани се три трактори со ножеви за чистење на снег распоредени на територијата на општина Новаци .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php