«

»

Feb 03

Општина Новаци на саемот за земјоделска механизација Agrotica 2020

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци со свој штанд зеде учество на саемот за земјоделска механизација Agrotica кој се одржува во Солун, Р.Грција од 30.01-02.02.2020г.

Градоначалникот Љубе Кузманоски е дел тимот кој ја претставува општина Новаци каде заедно со грчките партнери го презентираат проектот Agrowchain .

Станува збор за проект финансиран од Интерег ИПА Програмата за погранична соработка Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 преку кој општина Новаци набави механизација за чистење, собирање и подготовка на зелен отпад кој во форма на биомаса ќе се користи за загревање на детската градинка, амбулантата и горниот спрат од Младинскиот центар.

Преку видео презентација се претставуваат достигнувањата на проектот, се презентира механизацијата која е набавена преку проектот, видот на опремата, спецификацијата, намената и начинот на користење.

Штандот на општина Новаци ќе биде достапен за посетителите сите четири дена додека трае саемот .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php