«

»

Jan 20

Христијан Стојановски го фати светиот крст во Новаци

Традиционално со фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општина Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици .
Главната церемонија се одржа во црквата „Св Атанасиј Велики“ во с.Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.

Од шестнаесетмината пријавени за фаќање на светиот крст оваа година најсреќен беше Христијан Стојановски кој за прв пат го извади светиот крст .
Градоначалникот Љубе Кузманоски на Стојановски од името на општината му додели вредносен ваучер.

Општината обезбеди парични награди за сите среќни наоѓачи на светиот крст во сите 16 населени места каде се негува традицијата на одбележување на Водици.

На светиот чин на фрлање на крстот во населените места с. Добромири и во с.Рибарци присуствуваше претседателот на Совет на општина Новаци Наумче Смилевски кој му ги врачи вредносните ваучери на среќните наоѓачи на светиот крст.Градоначалникот Кузманоски на сите оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст му посака здравје , среќа и бериќет а на своите верници од општината им го честита Богојавление -Водици .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php