«

»

Jan 14

ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ ВАСИЛИЦА И ВО ЦЕНТАРОТ ЗА РАН ДЕТСКИ ТАЗВОЈ -“БАМБИ” ВО НОВАЦИ

И оваа Василица најмалдите од Центарот за ран детски развој “БАМБИ” беа доследни и верни на традицијата .
Со многу песнички и голема радост вртејќи мазниче со паричка го одбележаа овој голем христијански празник.
Радоста со нив и оваа година ја сподели градоначалникот Љубе Кузманоски кој истакна дека ваквите празнувања се доста важни за децата бидејќи на некој начин значат не само нивно запознавање со традицијата од мали нозе туку и продолжување на вековните обичаи .

Ангел Ангелевски е овогодинешното најсреќно дете во Центарот за ран детски развој „Бамби“ за Василица на кого му падна паричката.

Градоначалникот Кузманоски му подари пригоден подарок и му посака многу здравје, среќа и успех да го следи цела 2020 година, исполнување на сите желби, среќно и безгрижно детство.

Општината безрезервно ја поддржува оваа традиција и начинот на воспитување на младите генерации.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php