Monthly Archive: January 2020

Jan 24

Изградба на секундарна фекална канализациона мрежа во с.Новаци

Градоначалникот Кузманоски направи увид на веќе започнатите градежни работи за изградба на секундарна фекална канализациона мрежа во с.Новаци во должина од ✅850 м . Со оваа изградба ќе бидат опфатени 10-тина краци за целосно поврзување на граѓаните во канализационата мрежа.

Jan 24

Новите штедливи ЛЕД светилки веќе се поставуваат низ општина Новаци.

Општина Новаци ќе добие најмодерен ,најефикасен и најекономичен систем на улично осветлување во регионот согласно договорот за ЈПП.

Jan 22

Министерот за земјоделство Димковски во посета на Општина Новаци

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски при неговата посета на општина Новаци, заедно со градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски направи увид на проектите што се реализирани со средства од Агенцијата за финансиска поддршка преку програмата за рурален развој.

Jan 20

Христијан Стојановски го фати светиот крст во Новаци

Традиционално со фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општина Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици . Главната церемонија се одржа во црквата „Св Атанасиј Велики“ во с.Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.

Jan 14

ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ ВАСИЛИЦА И ВО ЦЕНТАРОТ ЗА РАН ДЕТСКИ ТАЗВОЈ -“БАМБИ” ВО НОВАЦИ

И оваа Василица најмалдите од Центарот за ран детски развој “БАМБИ” беа доследни и верни на традицијата . Со многу песнички и голема радост вртејќи мазниче со паричка го одбележаа овој голем христијански празник.

Jan 14

ВАСИЛИЧАРИ ПРОДЕФИЛИРАА НИЗ УЛИЦИТЕ НА НОВАЦИ

Тајфата Василичари од горно маало традиционално продефилираа низ улиците на Новаци.Со игра , песна и шеги ги расположија Новачани ,продолжувајќи ја традицијата која ја има ова маало . Василичарите заигра и пред зградата на Општина Новаци , каде ги пречека градоначалникот Љубе Кузманоски.

Jan 14

ВАСИЛИЧАРСКИ ОГНОВИ НИЗ ОПШТИНА НОВАЦИ

Бројни маала низ општина Новаци синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови каде во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослави Стара Нова година и Василица.

Jan 13

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА-ЛОКАЛНИ УЛИЦИ И ПАТИШТА И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА ЗА ПЕРИОД 2018-2019 ГОДИНА

Во изминатите 2 години локална власт континуирано се работи на подобрување на локалната патна инфраструктура .Благодарение на централната власт преку соработката со ЈП за државни патишта на РСМ , Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Бирото за Рамномерен Регионален развој решени се децениски проблеми преку асфалтирање на регионални и локални патишта .

Jan 10

Јавна расправа за Нацрт А -Дозволата за усогласување со оперативниот план

Градоначалникот Кузманоски присувствуваше на денешната Јавна расправа за Нацрт А -Дозволата за усогласување со оперативниот план ,организирана од страна на АД ЕСМ -Подружница РЕК Битола. РЕК Битола е на чекор за добивање на А интегрирана дозвола што ќе значи и инвестиции од над 300 милиони евра во еколошки проекти.

Jan 03

Оглас за јавна расправа

Почитувани, огласот за јавна расправа за Нацрт А – Дозвола за усогласување со оперативен план, РЕК Битола, ја имате на следниот ЛИНК. Линкот до Нацрт А – дозволата го имате ТУКА.

Older posts «

css.php