«

»

Dec 12

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КУЗМАНОСКИ НА СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ ОД ГЕРМИЈАН

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Продолжуваат средбите на Градоначалникот Кузманоски со граѓаните од општина Новаци .При посетата на с.Гермијан граѓаните пред градоначалникот ги претставија своите предлози , барања и идеи преку чија реализација би им се подобриле условите за живот во нивното место на живеење.

Непосредните средби со граѓаните во нивните места се најдобар начин да се слушнат нивните предлози , барања и потреби бидејќи тие самите најдобро знаат што им е најнеопходно и приоритетно .Ова е најтраспарентен начин и воедно можност сите предлози и барања да се преточат во програми и проекти со кои ќе го креираме Буџетот за 2020 година и реализираме.

Градоначалникот Љубе Кузманоски пред присутните граѓани ги најави планираните градежни активности во 2020г

Потребите на граѓаните се наша работа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php