«

»

Dec 06

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД Р.БУГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО БАЧ

Денес градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски беше домаќин на делегација од Р.Бугарија предводена од министерот за здравство на Р.Бугарија Кирил Ананиев, бугарскиот амбасадор во Р .Северна Македонија Ангел Ангелов и бугарскиот конзул Димитар Иванов .

Дел од делегацијата беше и првата дама на Република Северна Македонија г-ѓа Елизабета Пендаровска .

Целта на посетата беше промоција на донацијата од Р.Бугарија преку Генералниот конзулат во Битола во износ од 45.000 евра со што се реновира дел од покривот и внатрешноста на училишната сала од подрачното училиште во с.Бач.

,,Зардно со Амбасадата и Конзулатот на Република Бугарија го спроведивме проектот за реконструкција на покривот на училиштето околу 500 квадратни метри и комплетно внатрешно уредување на спортската сала околу 400 квадрати. Донацијата на Бугарија беше околу 45 000 евра и наше сопствено учество околу 9 500 евра. Ова е прв ваков заеднички проект што го реализираме во мојот мандат и се надевам и на натамошна соработка “, рече градоначалникот Кузманоски.

Амбасадорот Ангелов рече дека ова е дел од нивната програма за поддршка на Северна Македонија и имаат проекти во различни области во делот на образование, инфрстаструктура и ќе помагаат во образованието за да можат децата да учат во нормална и модерна средина.

Министерот за здравство на Р.Бугарија г-дин Кирил Ангелов на градоначалникот Кузманоски му го врачи подарокот -компјутер за потребите на учениците од основното училиште во с.Бач.

Во знак на соработка и пријателство заедно со 26-те ученици од подрачното училиште Славко Лумбарковски се засадија дрвца во училишниот двор на истоименото училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php