«

»

Dec 05

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАР ВО НОВАЦИ

Започна изградбата на тротоар во с.Новаци во должина од 175 метри .Ова е еден од 7-те проекти финансирани од Министерството за животна средина и просторно планирање по програмата за распределба на средства по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за општина Новаци , како и Програмата за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2019г по склучен договор со Министерството за животна средина и просторно планирање за тековната 2019г .

Изведувач на градежните активности е Стентон Градба ДОО Битола.

Општина Новаци максимално ги искористи средствата во висина од 6.566.387 денари доделени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива и најголемиот дел од 7-те предвидени проекти за 2019 г успешно се реализирани во предвидениот рок ,останува да финишира уште реконструкцијата на тротоарот во с.Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php