«

»

Nov 12

ОТЧЕТ 2018/2019 -ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЉУБЕ КУЗМАНОСКИ

ДВЕ ГОДИНИ ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ

ДВЕ ГОДИНИ ОПШТИНА НОВАЦИ Е НА ПРАВ ПАТ

Почитувани,

На половината од мандатот кој Вие граѓаните на општина Новаци ми го доверивте во 2017 година , ќе зборувам за успех, за реализирани проекти , за решени проблеми , за услужени граѓани, бидејќи вложивме се, сите ресурси максимално ги ангажиравме за да кажеме: ДА , ние работиме , ние ја градиме нашата општина која заслужува да биде европска урбана средина со задоволни граѓани.

Општина Новаци е на прав пат !

Работата е наша одлика .Зборот е збор.Со својата енергична , чесна , одговорна и посветена работа , работа која носи подобро , во дослух со Вас граѓаните , одговарајќи на вашите потреби и барања , ги креираме нашите приоритети согласно можностите и надлежностите.

Во овие две години создадовме отворена и услужна општина за сите .Решивме огромни проблеми на граѓаните , отстранивме многу непродуктивни трошоци и ги намалуваме наследените долгови.Интересите на граѓаните ни се во преден план.Како што ветивме пред Вас граѓаните така и започнавме , одговорно , домаќинско и транспарентно работење во насока на заедничко исполнување на зацртаните цели.

Промените се видливи , резултатите се множат на терен .Граѓаните ги чувствуваат благодетите и новите форми на креирање на политиките кои обезбедуваат подобар и поквалитетен живот на сите граѓани .

Почитувани , сите заедно , сложно и достоинствено да работиме на исполнување на стратешките цели и приоритети , заедно да работиме на градење на едно здраво општество во кое сите заедно ќе ги чувствуваме благодетите правејќи ја нашата општина едно пријатно место за живеење.

Со почит

Љубе Кузманоски
Градоначалник на општина Новаци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php