«

»

Nov 07

ОПШТИНА НОВАЦИ ЗЕЛЕНИОТ ОТПАД ЌЕ ГО ПРЕТВОРА ВО БИОМАСА ЗА ЗАГРЕВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ,ЌЕ СЕ ФОРМИРА И КЛАСТЕР ЗА БИОМАСА

Општина Новаци успешно ја реализира дводневната работилница за формирање на Кластер за биомаса со партнерите од Република Грција во рамките на проектот AGROWCHEN-одржливо менаџирање со агро-отпадот за загревање на руралните средини. Проектот е финансиран од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за погранична соработка помеѓу двете соседни држави.

Главен партнер во проектот е Детепа-општинско претпријатие за загревање на поширокиот регион во градот Аминдео и уште два партнери од грчка страна , од наша страна се Општина Новаци и Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието со седиште во Битола.
Целата на состанокот е да се види до каде е имплементацијата на проектот “Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини” и што се е направено со буџетот со кои располагаат партнерите.
Зелениот отпад од каналите и речните корита од општина Новаци ќе се претвора во биомаса која ќе се користи за загревање на детската градинка , амбулантата и горниот кат од Младинскиот центар во Новаци.

За таа цел Општина Новаци веќе ја набави потребната механизација (трактор, приколка, балирачка, специјална хидраулична рака за сечење на вегетацијата) за чистење и сечење на нискостеблестата вегетација од речните корита. Останува да се набави котелот за парно греење специјализиран за биомаса.

Буџетот со кој располага општина Новаци е во висина од 216 илјади евра, а буџетот на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието е околу 50 илјади евра.

-“Со ова ќе придонесеме за заштита на животната средина. Сакаме да им покажеме на граѓаните дека постојат алтернативни извори на енергија. Од една страна ќе се чистата речните корита и ќе се заштитиме од поплави , од друга страна ќе се загреваме и нема да загадуваме . Како локална самоуправа имајќи го во предвид нивото на загадување во нашата општина ги следиме европските регулативи и пристапуваме кон алтернативни извори на загревање со цел намалување на загадувањето. Размислуваме зелено, еколошки, иновативно и економично, рече во својот говор градоначалникот Љубе Кузманоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php