«

»

Nov 06

ЧЕТВРТ ПРОЕКТЕН СОСТАНОК ОД ИНТЕРЕГ ИПА ПРОЕКТОТ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ СО БИОМАСА

Општина Новаци , во рамките на проектот aGROWchain , финансиран од Интерег ИПА Програмата за погранична соработка “Грција – Република Северна Македонија 2014-2020” е дел од четвртиот проектен состанок и работилница за формирање на КЛАСТЕР за биомаса со партнерите од Р.Грција .

Целата на состанокот е да се види до каде е имплементацијата на проектот “Одржливо менаџирањена агро-отпадот за загревање на руралните средини” и што се е направено со буџетот со кои располагаат партнерите

.На работниот состанок присуствуваа тројцата партнери од грчка страна и двата партнери од македонска страна – општина Новаци и Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието. Општина Новаци веќе ја набави потребната механизација за чистење и сечење на нискостеблестата вегетација од речните корита, останува да се набави котелот за парно греење специјализиран за биомаса. Буџетот со кој што располага општина Новаци е во висина од 216 илјади евра, а буџетот на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието е околу 50 илјади евра.

-Целта е да го искористиме зелениот отпад од каналите и речните корита и да го претвориме во биомаса која ќе ја користиме за загревање на детската градинка , амбулантата и горниот спрат од Младинскиот центар .Ја набавивме потребната механизација и веќе започнавме со собирање и подготовка на зелениот отпад. Трската и други нискостеблести растенија во руралните средни предизвикуваат сериозни еколошки проблеми. Неконтролираното растење на оваа вегетација во каналите и речните корита е причина за поплави во Пелагонија, а земјоделците често пати од овој отпад се ослободуваат со палење и освен што е опасно, предизвикува и загадување на животната средина.Ние пристапивме кон еколошки начин на загревање , се надевам дека ќе биде ефикасно и во иднина ќе го практикуваме за загревање и на други јавни институции.-истакна градоначалникот Кузманоски.

-Со нашиот буџет целта беше да набавиме опрема која што ќе се користи за чистење на речните корита и реките од нискостеблеста вегетација, потоа таа вегетација да се исуши, да се избалира, за која што набавивме трактор, приколка, балирачка, специјална хидраулична рака за сечење на вегетацијата, и сето тоа откако ќе се спакова, ќе се избалира и ќе се користи за загревање на детската градинка, амбулантата и првиот спрат од Младинскиот културен центар во Новаци. За таа цел ќе набавиме котел со комплетна инсталација. Со ова ќе придонесеме за заштита на животната средина . На овај начин сакаме да им покажеме на граѓаните дека постојат и алтернативни извори на загревање, ем ќе се чистат речните корита и ќе се штитиме од поплави, ем ќе загреваме и нема да загадуваме, рече Катерина Чукалевска од Општина Новаци.

Партнерите од Грција велат дека се споделуваат искуствата од проектот а бенифитот бил голем за сите.

-Целта на денешниот состанок е да го видиме прогресот на сите партнери .Овај проект е особено важен за прекуграничниот регион особено за Аминдео, Лерин, Флорина и Новаци. Целта е да користиме неискористени извори на енергија како што е на пример шамакот, трската и вегетацијата која што ги обраснува речните канали, за да загреваме објекти во нашите општини. Се наоѓаме во една критична точка за имплементацијата на проектот. Општина Новаци набави веќе опрема која што е потребна за сечење на речната вегетација истата треба да ја балира и потоа тие балиња да ги користи за загревање на детската градинка,рече Кристофорес Перакис од CRES.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php