«

»

Oct 25

“ВЕЧЕР НА ПРИЈАТЕЛСТВО ” ОПШТИНА НОВАЦИ 🇲🇰ОПШТИНА ДУГИ РАТ 🇭🇷

Во знак на долгогодишното пријателство збратимените општини, Новаци и Дуги Рат од Р.Хрватска организираа заеднички културно-уметнички концерт “Вечер на пријателство” кој се одржа во општинската сала во Новаци .
На фолклорната вечер присуствуваше градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски како општина домаќин на настанот , градоначалникот на општина Дуги Рат од Р.Хрватска Јерко Роглич, претседателот на Фолклорната федерација на Македонија -ЦИО г-дин Антонио Димитровски , претседателот на хрватскиот центар и македонско-хрватското друштво Марко Марулич од Битола г-дин Бранко Маретич , гости од локалната самоуправа и совет од Дуги Рат како и фолклорни друштва КУД НОВАЦИ од Новаци , КУД Илинден од Битола и КУД Далмација од Сплит .

” Како општина ја имаме честа да бидеме домаќини на културно-уметничкиот концерт “Вечер на пријателство” кој го организиравме во чест на долгогодишното пријателство и збратимување со општина Дуги Рат од Р.Хрватска .Нашата идеја беше заедно двете општини , двете фолклорни друштва и КУД Илинден од Битола да организираме една ваква вечер каде заедно ќе ја славиме традицијата , културата , фолклорот
на двете збратимени општини .И покрај далечината ние успеавме да се почитуваме да одржуваме постојана комуникација и да придонесуваме во приближувањето на двете општини градејќи цврсти мостови на пријателство и соработка . “-истакна градоначалникот Кузманоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php