«

»

Oct 22

ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА НОВАЦИ

ЈЗУ Центар за јавно здравје –Битола денес на подрачјето на општина Новаци ја реализира втората фаза од есенската превентивната системска дератизација која се врши со поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци ) .
Со спроведувањето на оваа систематска дератизација како противепидемиска мерка ќе бидат опфатени :

-подземниот канализациски систем во с.Новаци каде има 90 шахти
-прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес каде има 25 шахти .Во овој ситем на инфестирани објекти спаѓаат –Детска градинка /Центарот за ран детски развој “Бамби “, ЦОУ Славко Лумбарковски , Амбулантата во с.Новаци , Објектот на локалната самоуправа , полициската станица , поштата и др.
-Дератизација на јавната депонија Мегленци

Дератизацијата ќе се изведува со поставување на родентициди, парафински блокови ( отровни мамци) во канализационите шахти.Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втора генерација.

Активностите на терен ќе ги спроведат екипи од одсекот за ДДД ЈЗУ ЦЈЗ Битола .Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php