«

»

Sep 21

Новаци го празнува раѓањето на Мајката Божја-Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)

Во предвечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица во истиомениот манастир во Новаци со вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар започна празнувањето на големиот празник Мала Богородица .

На ова светилиште , убавиот Манастир Рождество на Пресвета Богородица во Новаци се собраа голем број на верници меѓу кои и градоначалникот Љубе Кузманоски чествувајќи го овој празник заштитник на Новаци .
Празнувањето продолжува и утре 21.09.2019 со богата културно-уметничка програма и назначување на нов кум .

Покровител на овогодинешното празнување на празникот Мала Богородица е општина Новаци и градоначалникот Љубе Кузманоски .

Градоначалникот Љубе Кузманоски со пригоден говор се обрати пред илјадниците верници кои денес се собраа во манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци каде сите заедно сплотени во ликот и делата на Мајката Божја го прославија овој голем христијански празник .

“Исполнети сме со огромна духовна радост, што Господ Бог повторно не удостои да се собереме околу Неговиот свет престол овде во манастирот Рождество на Пресвета Богородица во село Новаци и денес овде да го прославиме токму раѓањето на Мајката Божја .
Ние , како православни Македонци , неизмерно сме благодарни на Бога и на Неговата мудрост , што и оваа година , добивме одлична можност да се потсетиме , а воедно и повторно да учествуваме во чествувањето на овој голем празник.
Огромна е културната улога на овој храм за развој на нашата општина .Повеќе децении во храмот Рождество на Пресвета Богородица многумина го наоѓаат својот духовен мир . Овој храм претставува скапоцен бисер и културен белег на нашиот народ.Нека ни е за многу години Мала Богородица “-истакна градоначалникот Кузманоски во својот говор.
На денешното чествување присуствуваше генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски , Генералниот директор на РЕК Битола Златко Ќурчиевски , Заменик Министерот за образование Елизабета Наумовска , Градоначалничката на општина Могила Јасмина Гулевска , претседателот на синдикалната организација на АД ЕСМ Јове Смилевски , Раководителот на подружница Молика Димитар Димитровски , советници и општинска администрација од општина Новаци и др.

 

Сите заедно ,сплотени , со верба во Господ и чиста мисла да го прославиме овој голем христијански празник .

За многу години !

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php