«

»

Sep 20

ДЕН НА ЕВРОПСКА СОРАБОТКА 2019 “ЕВРОПА СИ ТИ”

 

Општина Новаци како лидер во искористувањето на европските фондови и корисник на ИПА проекти ,денес со свој штанд се претстави во рамките на кампањата за одбележување на денот на европската соработка 2019 која се одржа во Битола .
Општина Новаци е корисник на ИПА проекти и тоа од ИНТЕРЕГ програмата и моментално се работи на проектот “Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини”-Agrowchain од програмата за прекугранична соработка меѓу РС Македонија и Р.Грција.
Преку оваа програма набавена е механизација и тоа трактор со приколица,хидраулична рака,предна косачка за сецкање на биомасата и корпа за утовар ,останува за докомплетирање на опремата со балирачка и котел.
Станува збор за менаџирање со агро-отпадот и создавање на еден синџир на снабдување со биомаса од одводните канали ,негов третман во корисно обновливо гориво кое ќе се користи за затоплување на детската градинка во Новаци .
На настанот присуствуваше и градоначалникот Љубе Кузманоски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php