«

»

Sep 10

ОПШТИНА НОВАЦИ ЌЕ ГО ПОДОБРУВА УПРАВУВАЊЕТО СО АГРО-ОТПАДОТ

Со средства од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“- Agrowchain од програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција набавен е трактор и приколица како и хидраулична рака , предна косачка за сецкање на биомасата и корпа за утовар, останува уште дополнително да се до комплетира опремата со балирачка и котел .Оваа опрема општина Новаци ќе ја користи за чистење на речните корита и канали со кои ќе собира биомаса за загревање на детската градинка. Главната цел на проектот е да се подобри управувањето со агро-отпадот.

„ Општина Новаци се соочува со проблем во однос на менаџирањето со агроотпадот. Општината менаџира со голем број на одводни канали, во чиишто корита неконтролирано расте трска, шамак и трева, кои доведуваат до затнување на истите. Заради тоа, ќе се создаде синџир на снабдување со отпад до селектирани корисници кој ќе се користи како гориво за загревање на детската градинка во Новаци. Синџирот за снабдување ќе вклучува собирање на отпад, негов третман со цел да биде компатибилен за согорување во котел за биомаса. Создавањето на одржлив синџир на снабдување ќе го трансформира агро-отпадот во корисно обновливо гориво што би резултирало со очигледен еколошки и економски бенефит . За таа цел за да можеме да го реализираме цел овој процес преку овој проект набавивме трактор Ландини серија 6-120 Ц и тракторска приколица Челмак од 5 тона за влечење и транспорт на биомаса од речните корита.Пристигна и другиот дел потребната опрема а тоа е Хидраулична рака Маролин М600 со корпа за косење и подигнување Берки 5900 ,предна косачка (мулчер) за сецкање на биомасата Риниери Раптор 250 и Корпа за утовар на биомасата Агро МасзЛ106А. Останува уште дополнително да се набави и балирачка и котел за паарно греење специјализаран за биомаса со што комплетно ќе го решиме овој проблем .Ја имамае студијата на податоци за мрежата на канали, атмосферска канализација, речни корита и слично, кои што ќе ни бидат како ресурс од чие што чистење ќе добиваме биомаса со која што ќе го загреваме котелот кој што ќе биде инсталиран во градинката “. истакна Љубе Кузманоски , градоначалник на општина Новаци.

Главен партнер во проектот е општинското претпријатие за загревање на поширокиот регион на Аминдео- ДЕТЕПА а како останати партнери од грчка страна се Центар за обновливи извори на енергија и заштеда CRES и Кластерот за бионерегија и животна средина на Западна Македонија CLUBE (ГР). Додека од македонска страна водечки партнер е Општина Новаци и Агенција за поддршка на развојот за земјоделството АПРЗ Битола која се јавува како партнер.

Проектот ќе трае 24 месеци, започна во јуни 2018 а ќе трае до 2020 година. Вкупната сума за сите партнери изнесува 669 илјади евра. Буџетот на општина Новаци изнесува 216 илјади евра.

Проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“ е поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php