«

»

Sep 06

Министерот за локална Горан Милевски во посета на с. Гермијан

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денес беше во посета на с. Гермијан, општина Новаци по повод имплементацијата на проектот „Заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку инфраструктурни интервенции за уредување на речен порој во с. Гермијан„.

🗣Милевски: Овој проект е најдобра потврда дека сме свртени кон потребите на граѓаните и решавањето на нивните проблеми. Наместо да санираме штети, да ги превенираме работите и да ги заштитиме граѓаните. На општините им е потребна поддршка за реализација на поголеми инфраструктурни зафати. Поддршката ја имаат и од Министерството за локална самоуправа кое што во 2019 година финансира над 100 проекти во осумте плански региони во вкупна вредност од 7 милиони евра.

🏞За реализацијата на овој проект, Министерството за локална самоуправа учествуваше со 6.100.000 денари, средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година и општина Новаци со средства во висина од 765.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php