«

»

Aug 22

СПЕКТАКУЛАРЕН ЗАВРШЕТОК НА КУЛТУРНО-ЗАБАВНО ЛЕТО НОВАЦИ 2019

Пред околу 1500 посетители на спектакуларен начин со Фестивал –Избор на летен фолк хит на Македонија 2019 и концерт на Јордан Митев синоќа заврши манифестацијата Културно-забавно Лето Новаци 2019.Оваа година се потврдија сите цели , сите очекувања и предвидувања за оправданоста на идејата и опстојувањето на Културно забавното лето во општина Новаци .Имиџот и реномето на најпосетувана културна манифестација во општина Новаци , Културно-забавно Лето Новаци 2019 и оваа година го потврди тоа.На 7 локации во општина Новаци во с.Градешница, с.Бач ,с.Гермијан ,с.Добромири , с.Г.Агларци , с.Новаци и излетничко место Коњарка годинава околу 4500 посетители ги проследија вкупно 10-те културни настани од програмската содржина на Културно забавното лето на кои учествуваа десетици естрадни уметници , ансамбли , културно-уметнички друштва , актери –хумористи и детски музички звезди .И оваа година Културно-забавно Лето Новаци 2019 ги оправда очекувањата .Не само што низ своите програмски содржини имаше забавен карактер манифестацијата доби предзнак на манифестација која се залага за зачувување на македонските културни вредности , традиции и обичаи.
Најголеми заслуги за успешноста и опстојувањето на една ваква манифестација имаат општина Новаци и градоначалникот Љубе Кузманоски како и советот на општина Новаци како главни покровители на манифестацијата и организаторот Здружението за мода Пикси студио .
На затворањето на Културно забавното лето имаше посетители од цела Пелагонија и пошироко како и наши иселеници од дијаспората а се обрати со пригоден говор и градоначалникот Љубе Кузманоски поздравувајќи ги присутните и прогласувајќи ја Манифестацијата за затворена.

– Како локална самоуправа се надеваме дека со богатиот репертоар на културни настани го подигнавме нивото на културно живеење на граѓаните на О. Новаци. Општината и советот како покровители на манифестацијата даваат силна поддршка ќе продолжат и во иднина финансиски да го поддржуваат Културното Лето , во интерес на граѓаните .Се надеваме дека оваа манифестација ќе постане своевиден бренд кој секое лето ќе придонесува за културно освежување и можност граѓаните токму во своето место на живеење да доживеат една поинаква културна манифестација. Воедно овозможивме и рамномерен локален културен развој .Богатата и разновидна програма допре на секаде и до секого дури и до граѓаните во најоддалечените населени места и го промовиравме мотото на Министерството за култура –култура до сите и за сите .Во двомесечната културна програма организаторите се потрудија да ги задоволат вкусовите на сите генерации на граѓани што дава поттик традицијата на одржување да продолжи и во иднина “-истакна Градоначалникот Кузманоски.

Синоќа на Фестивалот –Избор на Летен Фолк Хит на Македонија 2019 учество зедоа познати естрадни уметници и музички групи меѓу кои Јордан Митев , Ирена Спасовска , Марјан Коцев , Елена Јовческа ,Стојне Николова, Благоја Стојановски-Туше ,Дарко Билбиловски , Ташко Каранфиловски, Ванчо Тарабунов , и многу други како и музичките групи Милениум , Црешово топче и Маестрал .Фестивалот имаше ревијален карактер и публиката гласаше за Летен Хит на Македонија .Од гласовите на публиката победник на овогодинешното издание на Избор на Летен Фолк Хит на Македонија е група Маестрал со нивната авторска песна Отвори мајко порти широко .Второто место го освои Марјан Коцев со ти само ти а на трето место од гласовите на публиката се пласираше Стојне Николова со песната Око мое .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php