«

»

Aug 09

Ваучери за зелена нафта во општина Новаци

Денеска почна распределбата на персонализираните картички во дисперзираната канцеларија на МЗШВ ПЕ Битола во општина Новаци .
Раководителот на МЗШВ ПЕ Битола Методија Илиевски учествуваше во доделувањето на картичките за “зелена нафта”
Илиевски ги запозна земјоделците во однос на воведувањето на мерката “зелена нафта” како и за придобивките од истата мерка .Разговараше за актуелните проблеми со кои се соочуваат земјоделците , исплатата на субвенциите и тн.
Со мерката “зелена нафта” се враќаат 200 милиони денари назад кај земјоделците , се намалуваат производствените трошоци во насока на подобрување и градење на поодржлив агро-сектор .
Преку оваа мерка значително се помага буџетот на секој земјоделец во поглед на поголеми приходи за секое земјоделско семејство и повеќе можности за развој на земјоделското стопанство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php