Monthly Archive: August 2019

Aug 30

Реконструиран кровот , подот и училишната сала во училиштето во с. Бач

Учениците од ПОУ “Славко Лумбарковски” од с.Бач новата учебна година ќе ја започнат во реконструирано училиште каде со помош на донацијата-неповратни финансиски средства од Генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола се реконструира кровот , подот и училишната сала со нова пвц дограма

Aug 30

За секое прваче во Општина Новаци по 5.000 денари во стартот на учебната година

Советот на Општина Новаци донесе одлука за зголемување на паричниот надоместок за оваа учебна година во висина 5.000 денари за секое прваче во Општина Новаци кое ќе се запише во ООУ. “Славко Лумбарковски” и подрачните училишта за учебната 2019/2020 година.

Aug 30

ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФОНТАНАТА ВО С.РИБАРЦИ

Aug 30

СО ЕУ ДО ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ

Здржението за европска интеграција Европска гледна точка во тек реализира уште еден проект насочен према ЕУ интеграцијата. Станува збор за проектот „Со ЕУ до подобро образование“ кој што е поддржан и финансиран од Општина Новаци. Дел од овој проект е и обука која моментално е во тек и се одвива во село Старавина, Мариово насловена …

Continue reading »

Aug 26

Заев направи увид на изградбата на гасоводот од Новаци на кај Битола

Изградбата на гасоводот Неготино-Битола се одвива според предвидената динамика. Во увид на теренските активности во близина на РЕК Битола, денес беше премиерот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на МЕР Бајрам Реџепи, во присуство на градоначалничката Наташа Петровска, како и градоначалниците на Прилеп и Новаци, Илија Јованоски …

Continue reading »

Aug 22

СПЕКТАКУЛАРЕН ЗАВРШЕТОК НА КУЛТУРНО-ЗАБАВНО ЛЕТО НОВАЦИ 2019

Aug 12

Министерот Димковски на жетва во с. Гермијан

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски беше во посета на селото Гермијан. Министерот Димковски беше придружуван од Раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола Методија Илиевски Metodija Ilievski, Директорот на АФПЗРР Николче Бабовски, Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузмановски. Во фокусот на оваа посета беше ставена жетвата која се наоѓа во завршна фаза. …

Continue reading »

Aug 09

Ваучери за зелена нафта во општина Новаци

Денеска почна распределбата на персонализираните картички во дисперзираната канцеларија на МЗШВ ПЕ Битола во општина Новаци . Раководителот на МЗШВ ПЕ Битола Методија Илиевски учествуваше во доделувањето на картичките за “зелена нафта”

Aug 07

Потпишан договорот за финансирање на оперативните функции на Центарот за развој на Пелагонискиот планскиот регион за тековната година

Потпишан договорот за финансирање на оперативните функции на Центарот за развој на Пелагонискиот планскиот регион за тековната година. 🤝Договорот го потпишаа министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалниците на општините. Согласно Законот за рамномерен регионален развој, Министерството за локална самоуправа, на годишно ниво, го кофинансира работењето на сите 8️⃣Центри за развој на планските региони.

Aug 06

ПЕТОК “ЗЕЛЕНА НАФТА ” ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Почитувани земјоделци ! Ве извествуваме дека во петок 09.08.2019 г во дизперзираната канцеларија на МЗШВ во општинската зграда во Новаци (I-кат ) во работно време од 08:30 -15:30 ч ЌЕ СЕ ДОДЕЛУВААТ КАРТИЧКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕРКАТА “ЗЕЛЕНА НАФТА” Секој земјоделец кој има пријавено субвенции за градинарски и полјоделски култури, овошни и лозови насади за …

Continue reading »

Older posts «

css.php