«

»

Jul 29

ФОЛКЛОРНА ВЕЧЕР ВО НОВАЦИ

Синоќа во рамки на Културно-забавното Лето Новаци 2019 во дворот на општината во Новаци се одржа 5-тиот културен настан “Разиграна општина Новаци”.
Несекојдневниот настан со имресивен и возбудлив настап на 5 фолклорни друштва и ансамбли од Пелагонија и две групи од Мексико и Белгија го привлече вниманието на многубројната публика .
Фолклорниот караван предводен од културно-уметнички друштва од Пелагонија и тоа КУД “Новаци “ од Новаци , КУД Илинден од Демир Хисар , КУД Илинден од Битола , КУД Мирче Ацев од Тополчани и Фолклорниот Ансамбл Гоце Делчев од Битола истовремено тргна и се играше во 4 –ри населени месна во општина Новаци и тоа во с.Далбеговци , с.Г.Агларци , с.Живојно , с.Гермијан .Граѓаните во овие села имаја можност да го проследат овој културен настан токму во своето место на живеење .Токму таа дисперзија на културните настани го прави побогато , подостапно и помногубројно Културното лето во општина Новаци .
КУД “Новаци” од Новаци како домаќини ја отворија фолклорната вечер со сплет карактеристичен за ова поднебје и регион , а редоследно зедоја учество и останатите фолклорни друштва . Со маестрална изведба , уникатни како и сегогаш се претстави КУД Илинден од Битола оставајќи силен впечаток кај многубројната публика .
Имресии предизвика и настапот на Кралската уметничка група ALKUONE од Алст од Белгија која со креативен и експресивен танц со фрлање знамиња се претстави пред публиката .Станува збор за светски позната уметничка група која настапува на светски познати плошдати ширум светот . Основана е 1957 година и денес брои повеќе од 150 членови со школа за танц за фрлање на знамиња .
Оваа група од самото основање до денес бележи врвни достигнувања ширум светот за што зборува и наградата “Кралска уметничка група ”доделена од кралот Алберт Втори во знак на признание за нивната 50-годишнина .
Со карактеристичен перформанс настапи и танцовата група од Монтереј од Мексико предизвикувајќи бурни овации кај публиката .
Амбиентот беше збогатен и со вкусната трпеза од здружението на жени “Силата на Бабата” од Новаци кои се познати во регионот по правењето на вкусна и традиционална храна обезбедувајќи за сите учесници закуска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php