«

»

Jul 29

Импресивен и возбудлив настап на Кралската уметничка група ALKUONE од Белгија во Новаци

Синоќа во дворот на општината во Новаци во рамките на Манифестацијат а Културно забавно Лето Новаци 2019 се одржа 5-тиот по ред културен настан “Разиграна општина Новаци “.Повеќе од 200 учесници од различни културно уметнички друштва од Пелагонија како и групи од Мексико и Белгија се претставија на фолклорната вечер имресионирајќи ја многубројната публика.
На задоволство на многубројната публика на еден ваков несекојдневен настан со имресивен танц со фрлање знамиња се претстави Кралската уметничка група ALKUONE од Алст од Белгија .Оваа група е светски позната по нивните настапи на светски познатите плоштади низ целиот свет .Од 1957 година оваа уметничка група успева да ги оствари успесите и достигнувањата не само во Белгија туку и во странство што говори и престижната награда “ Кралска уметничка група ”доделена од кралот Алберт Втори во знак на признание за нивната 50-годишнина .Денес брои над 150 членови со школа за танц за фрлање знамиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php