«

»

Jul 12

ЗАПОЧНА II-ФАЗА ОД ОСНОВНИОТ ПРОЕКТ УРЕДУВАЊЕ НА ПОРОЈ ВО С.ГЕРМИЈАН

Започнаа градежните активности за уредување на коритото на поројот од II-та фаза од основниот проект Уредување на Порој во с.Гермијан .Станува збор за продолжување со уредувањето на коритото од поројот во с.Гермијан во должина од 223 метри .Средствата за оваа фаза се обезбедени преку Центарот за развој на Пелагонискиот Плански Регион во висина од околу 7.000.000 милиони денари вклучувајќи ја и општина Новаци како учесник во барањето на средствата кои ги обезбеди Владата на РСМ за Пелагонискиот плански регион вклучувајчи ги сите 9 општини.
Во првата фаза уредено е коритото на поројот во должина од 806 метри со средства од Грант ИПА светска банка , проект за подобрување на општинските услуги компонента ЕУ ИПА инвестициски грантови финансирани од ЕУ и средства од Буџетот на општина Новаци .
Изведувач на градежните активности и во втората фаза е Стентон градба ДОО Битола
Градоначалникот Љубе Кузманоски на средба со локалното население од с. Гермијан ги потенцираше придобивките од изградбата на овој порој , како и идните проекти кои се планирани со цел подобрување на условите за живот .
“Со реализацијата на овој проект во иднина ќе нема поплавување на куќите и дворовите на локалното население кои се наоѓаат во близина на поројот , а ќе има зголемување на приносите од земјоделието , намалување на загадувањето на сливното подрачје на река Црна . Истовремено ќе се подобрат условите за живот на жителите и ќе се овозможи унапредување на животната средина во селото ” -истакна Кузманоски.
Во реализацијата на проектот директно е влучена општината Новаци а додека индиректно се вклучени и општините Битола и Могила, со што во Пелагонискиот регион има значителен бенефит и се прави значителен позитивен чекор кон реализацијата на регионални инфраструктурни проекти преку директна соработка на повеќе општини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php