«

»

Jul 09

СЕ РЕКОНСТРУИРА ПОКРИВОТ И СПОРТСКАТА САЛА ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО С.БАЧ

Општина Новаци започна со реализација на проектот “Реконструкција на покрив и спортска сала за подрачното училиште во с.Бач” .Станува збор за проект финансиран со неповратни финансиски средства од Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Битола во висина од околу 2.752.000 денари .
Финансиската помош од страна на Бугарскиот конзулат доаѓа по претходно потпишаната Спогодба за доделување на неповратна финансиска помош помеѓу Општина Новаци од една страна застапувана од градоначалникот Љубе Кузманоски и генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола г-дин Димитар Иванов од друга страна на основа на политиката на Р.Бугарија за учество во меѓународната соработка за развој.

“Соработката со Р.Бугарија преку Генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола дава позитивни придобивки.Оваа финансиска помош позитивно ќе се рефлектира во подобрување на училишната средина и условите во неа .Со реконструкцијата на подрачното училиште во село Бач ќе ги подобриме условите за настава ,со што би обезбедиле поквалитетен ,поефикасен образовен процес.Училишната средина е одраз на животот во заедницата .Со градење посигурно,подобро и поефикасно училиште со ефектвен образовен процес се подобрува целокупниот живот во заедницата”-истакна градоначалникот Кузманоски.

Општина Новаци посветено работи на обезведување на подобри и поефикасни услови во основните училишта на подрачјето на општината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php